Заедно до НАЈДОБРИТЕ РЕШЕНИЈА и исполнување на бизнис ЦЕЛИТЕ на вашата КОМПАНИЈА
Ние сме мала, финансиска бутик органзиција којашто обезбедува cash flow решенија за растечки македонски компании. Наша главна цел е да понудиме поддршка на развојот на компаниите кои функционираат во македонската економија преку обезбедување на неопходната ликвидност, овозможувајќи им континуиран раст и непрекинат оперативен циклус.
Управувајќи со вашата ЛИКВИДНОСТ управувате со РАЗВОЈОТ на вашата КОМПАНИЈА
Факторингот е финансиска трансакција кога една компанија ги продава своите краткорочни недоспеани побарувања на трета страна (наречена фактор) за одреден дисконт, а воедно паричните средства што ги добива во замена ги користи за финансирање на бизнисот.
Тргувајте со вашите ПОБАРУВАЊА во земјата и странство и создадете можност
за поголема ПРОДАЖБА
Услугите што ги нудиме на сите заинтересирани компании вклучуваат посредување при пронаоѓање извори за финансирање (задолжување во финансиска институција или пак капитален влог), бизнис планирање со акцент на изработка на бизнис планови, како и изработка на финансиски анализи за компании.